УСПЕШНА ПРИКАЗНА: КАКО ГО НАМАЛИВ КРВНИОТ ПРИТИСОК СО ПОМОШ НА ЗДРАВА ИСХРАНА И НАМАЛУВАЊЕ НА ТЕЖИНАТА
Намалувањето на крвниот притисок е клучно за подобрување на целокупното здравје. Нашиот пациент Д.Т., кој долго време се бореше со прекумерна тежина и покачен крвен притисок, успеа значително да го подобри своето здравје со помош на „Срце – Центар за внатрешни болести“.

ПРОБЛЕМИ СО ТЕЛЕСНАТА ТЕЖИНА И КРВНИОТ ПРИТИСОК
Д.Т., 48 години, со тежина од 120 килограми и индекс на телесна маса 40, се соочуваше со сериозни здравствени проблеми. Прекумерната телесна тежина доведе до постојано висок крвен притисок, чести главоболки, хроничен замор и намалена енергија.
„Се чувствував уморен и безволен, а главоболките ми беа секојдневие. Знаев дека високот притисок, комбиниран со мојата прекумерна тежина, може да доведе до сериозни последици. Решив дека е време за промена и побарав помош во Срце,“ изјави Д.Т.
По консултација и детални прегледи во „Срце – Центар за внатрешни болести“, на Д.Т. му беше предложен индивидуализиран план за лекување, кој опфаќаше нутриционистичка програма, физичка активност и медикаментозна терапија за намалување на притисокот.
РЕШЕНИЕ: ИНТЕГРИРАН ПРИСТАП КОН ЗДРАВЈЕТО
Процесот започна со детални анализи, вклучувајќи:
- Нутриционистички преглед
- Проценка на метаболен статус
- Одредување на составот на телото со InBody 720 анализатор
- Тест за интолеранција на храна
- Консултации со нутриционист и лекар специјалист
Врз основа на овие анализи, беше дефинирана персонализирана нутриционистичка програма и хигиено-диететски мерки, како и терапија за намалување на притисокот.
„Тимот во Срце ми предложи јасен и лесно следлив план, кој беше прилагоден на моите потреби. Иако во почетокот беше предизвик, мотивацијата ми се зголемуваше со секој нов резултат,“ вели Д.Т.
РЕЗУЛТАТИ
За период од 7 месеци, Д.Т. успеа да ја намали својата тежина за 37 килограми, што значително придонесе кон намалување на крвниот притисок. Симптомите како главоболка и замор целосно исчезнаа. Дополнително, дозата на медикаментозната терапија за крвен притисок беше преполовена.
„Со секој изгубен килограм, не само што го намалив притисокот, туку и ја вратив енергијата и самодовербата. Благодарение на Срце, го подобрив моето здравје и начинот на живот,“ истакна Д.Т.
Сега, Д.Т. редовно го посетува центарот за контроли и, доколку е потребно, прилагодување на нутриционистичката програма и режимот на терапија.
ЗАЕДНО ДО ПОЗИТИВНИ ПРОМЕНИ
Ако и вие се соочувате со прекумерна телесна тежина или висок крвен притисок, побарајте помош во „Срце – Центар за внатрешни болести“. Нашите нутриционисти и специјалисти ќе ве поддржат на вашиот пат до подобро здравје.
Контактирајте нѐ денес и направете го првиот чекор кон поздрав и посреќен живот.