ДИЈАБЕТИЧНО СТАПАЛО
Прв дел
Шеќерната болест го забрзува затнувањето, односно артериосклерозата на крвните садови во мозокот, очите, срцето, бубрезите и во нозете. Пациентите со дијабетес тип 1 (помлади на инсулин) почесто имаат оштетувања на малите крвни садови (микроангиопатија) во очите и бубрезите. Оние кој боледуваат од дијабетес тип 2 (повозрасни – најчесто користат таблети) почесто имаат оштетувања на поголемите крвни садови (макроангиопатија) во мозокот, срцето и нозете.
