ШТО Е ДЕБЕЛИНА И КАКО ИСХРАНАТА И ЗДРАВИТЕ НАВИКИ ВЛИЈААТ ВРЗ ПОСТИГНУВАЊЕ НА ВАШАТА ИДЕАЛНА ТЕЖИНА?

Кога зборуваме за дебелина, не мислиме на сопствената перцепција за изгледот на телото. Дебелината е комплексна и хронична болест на прекумерно трупање на масти во организмот. Во Македонија, се очекува дека до крајот на 2024 година 24.01% од популацијата ќе се соочи со оваа болест. Одразот во огледалото не е мерка за дебелина. Постојат повеќе начини за нејзино дефинирање, а еден од најчестите е одредувањето на индексот на телесна маса (ИТМ) или body mass index (BMI).

ИТМ е мерка за телесните масти врз основа на вашата висина и тежина. Овој индекс е апликативен за сите возразни мажи и жени. Кога индексот на телесна маса e 30 или повеќе, тогаш зборуваме за дебелина. Продолжете со читање за да ги дознаете различните типови на дебелина, што таа може да предизвика и како исхраната и здравите навики може да влијаат за намалување на тежината и подобрување на здравјето.

Idealna tezina

ТИПОВИ НА ДЕБЕЛИНА

Постојат исклучоци каде пресметаниот индекс на телесна маса може да биде повисок, а да не станува збор за дебелина, или понизок, а сепак да станува збор за дебелина. Такви исклучоци се бодибилдери или атлетичари кои имаат поголема тежина на мускул и поради тоа повисок ИТМ резултат или луѓе со нормална тежина, но со зголемен процент на масти наспроти мускули. Затоа, секогаш се пропорачува да се консултурате со стручно лице кое ќе може да одреди дали имате некој од двата типа на дебелина:

  • Абдоменален тип на дебелина. Овој тип на дебелина се нарекува и централен или андроиден тип. Ако припаѓате на групата луѓе со абдоменален тип тогаш масното ткиво се трупа во пределот на стомакот и вашето тело добива форма на јаболко.
  • Гиноиден тип на дебелина. При овој тип на дебелина, масното ткиво се таложи подкожно, во пределот на натколениците, бутовите и колковите. Во овој случај, телото добива форма на крушка.

Наталаженото централно масно ткиво, кое е сместено околу и во органите во стомачната и градната шуплина, се смета дека има поголеми негативни ефекти врз здравјето отколку поткожното масно ткиво. При одредување на степенот на масно ткиво во овој предел, важно е да се измери обемот на струкот. Кај жените, обемот не треба да надминува 80цм., додека кај мажите треба да биде помал од 94цм.

ПРОБЛЕМИ ПРЕДИЗВИКАНИ ОД ДЕБЕЛИНА

Зголемената телесна маса предизвикана од наталожени масти може да го промени начинот на кој телото функционира. Овие промени се прогресивни и може да се влошат со текот на времето. Најчести пореметувања се:

  • Инсулинска резистенција која води кон настанување на шеќерна болест тип 2.
  • Покачен крвен притисок и останати проблеми кои предизвикуваат срцевосадовни болести како срцев и мозочен удар.
  • Пореметување на половите функции кои може да доведат до неплодност.
  • Психолошки и емотивни проблеми.

ИСХРАНАТА И ФИЗИЧКАТА АКТИВНОСТ КАКО ОСНОВИ ЗА ЗДРАВО СЛАБЕЕЊЕ

Дебелината може да биде предизвикана од генетски фактори и фактори на околината, неправилна исхрана и намалена физичка активност. Генетските фактори не можеме да ги промениме, но она врз што ние можеме да влијаеме се менување на навиките за исхрана со нутриционистички план и зголемување на физичката активност.

НУТРИЦИОНИСТИЧКИ ПЛАН НА ИСХРАНА

Нутриционистичкиот план на исхрана се одредува со помош на проценка на метаболен статус, проверка на составот на телото и анализа на интолеранција на храна. Овој тип на исхрана се базира на индивидуални потреби според добиените параметри, со цел постигнување идеална тежина, намалување на ризикот од други хронични заболувања и постигнување оптимално севкупно здравје. Најважно е да се советувате со својот лекар или нутриционист за кој план на исхана е најдобар за вас.

Некои од општите совети за здрава исхрана кои треба секој да ги применува се:

  • Избегнување на високо-калорична храна.
  • Конзумирање на доволно количество свежи овошје и зеленчук.
  • Избегнување фабрички преработена храна која нема доволно или никаква нутритивна вредност, особено слатките и засладените пијалаци.
  • Избегнување на алкохолни пијалаци.

ФИЗИЧКА АКТИВНОСТ

Физичката активност е еден од најзначајните превентивни фактори во појавноста на дебелина кај младите. Ако фитнес центрите и теретаните не ве предизвикуваат, пробајте да имате помалку напорна активност на дневно ниво. Прошетка низ природа, возење велосипед, џогирање, пливање или танцување се само дел од активностите кои можете да ги истражите.

Физичката активност не само што ќе ви помогне да ослабнете, туку и ќе ви помогне во одржување на целокупното здравје на телото и намалување на веројатноста за појава на друга хронична болест.

ИЗРАБОТКА НА РЕЖИМ НА ИСХРАНА ЗА ПОСТИГНУВАЊЕ ИДЕАЛНА ТЕЖИНА: СРЦЕ – ЦЕНТАР ЗА ВНАТРЕШНИ БОЛЕСТИ

Без разлика кој е причинителот за дебелината, потребно е да се трудиме да одржуваме здрави навики кои ќе направат позитивни промени во нашето тело. Физичката активност и здравата и правилна исхрана се двата најважни фактори за превенција од појава на дебелина и спречување на компликации кои може да настанат од неа.

Во Срце – центар за внатешни болести се фокусираме на индивидуалните потреби на секој пациент. Одделот за диететика и диетотерапија е предводен од реномирани нутриционисти и специјалисти кои ќе ви помогнат да постигнете идеална тежина и севкупно здравје преку одредување на нутриционистичка програма.

Контактирајте нѐ за да закажете преглед и изработка на индивидуален режим на исхрана за здраво слабеење.

Search

+