ПИЕЊЕТО КАФЕ ВЕДНАШ ПОСЛЕ БУДЕЊЕ
Дали и вие спаѓате во групата на луѓе кои не можат да го започнат денот без омиленото кафе?
Дали кафето е првата течност што ја внесувате кога ќе се разбудите?

ДАЛИ Е ДОБРО ДА СЕ ПИЕ КАФЕ КАКО ПРВ НАПИТОК ВО ДЕНОТ?
Наутро кога ке се разбудиме нашето тело е дехидрирано. Тогаш на телото му е потребна течнот за да ги ичисти токсините што се собрани за време на спиењето. Затоа е најдобро денот да се започне со чаша вода и неколку капки лимон или чај.
Кафето не треба да биде прв напиток бидејќи дополнително ќе го дехидрира телото. Доколку не ја смените навиката, денот да не го започнувате со кафе, на долг период може да ви го уништи кардиоваскуларниот систем, што може да ве доведе до срцев или мозочен удар.
КОЕ Е ИДЕАЛНО ВРЕМЕ ЗА ПИЕЊЕ КАФЕ НАУТРО?
Препораката да се испие вашето омилено кафе е половина час после доручекот. Ова е особено важна препорака за луѓето кои имаат тегоби, осетлив желудник или гастритис. Не додавајте млеко и шеќер и на тој начин ќе одбегнете згрутчување на казеинот. Доколку не го сакате горко кафето, засладете го со природен шеќер – стевија.
Кофеинот во нашето тело се задржува 8 часа па затоа две кафиња дневно се сосема доволно. Премногу внес на кофеин предизвикува прекумерен стрес, анксиозност, па дури и депресија, аритмија, уништување на квалитетен сон.
Поради диуретскиот ефект од кафето се препорачува со едно испиено кафе да се земат плус две чаши вода за да можеме да ја надокнадиме течноста.
Моника Велинова, нутриционист, дипл. инж. – технолог по исхрана