ДИЈАБЕТИЧНО СТАПАЛО

Втор дел

Искуствата покажале дека редовните контроли на стапалата, одредувањето на ризикот за јавување на рани, информирањето за болеста и лекувањето по соодветни протоколи го намалува бројот на ампутации за 50%.

Dijabeticno stapalo

ФАКТИ ЗА ДИЈАБЕТИЧНО СТАПАЛО И ДИЈАБЕТЕС

  • 1 од 5 дијабетичари во текот на својот живот ќе лекува дијабетично стапало
  • Кај дијабетичното стапало оштетени се артериите и нервите на нозете заради што пациентот несоодветно гази
  • 1 од 6 болни од шеќерна болест во текот на својот живот ќе направи рани на стапалото, а повеќе од ½ од нив (60%) се воспалени (инфицирани)
  • Повредата на стапалото и несоодветните обувки се најчестата причина за јавување на раните на стапалaта
  • Кај болните од шеќерна болест во Западна Европа и САД лекувањето на раните на стапалата се водечка причина за прием во болница
  • Најголемиот брои од ампутациите (85%) почнуваат со рани на стапалата
  • Ампутациите на нозете се 25 пати почести кај дијабетичарите отколку кај останатите
  • Пациентите со претходно залечени рани имаат 34 пати почесто нови рани во наредните 3 години, а оние со направена мала ампутација 100 пати поголема шанса да отворат нова рана.
  • По направена ампутација на ногата 5 години преживуваат само ½  (50%) од пациентите.

Редовно контролирајте ги вашите стапала и заштитете ги од рани и ампутации. Приклучете се на програната „Дијабетес со здрави стапала“ која нуди најголема грижа и контрола на вашите стапала на овие простори.

Горонаведените факти се базирани на испитувањата и искуствата на експертите од областа на шеќерната болест и нејзините компликации на стапалото

Овој материјал е дел од грижата за пациентите која ја спроведе Ординацијата “Срце”.

Материјалот го подготвил Проф. Д-р Славчо Тошев – кардиангиолог

Search

+