УСПЕШНА ПРИКАЗНА: 38 КИЛОГРАМИ ПОМАЛКУ ЗА САМО 6 МЕСЕЦИ – НАШАТА ПАЦИЕНТКА ЈА ПОСТИГНА ПОСАКУВАТА ТЕЖИНА И ГО ПОДОБРИ ЦЕЛОКУПНОТО ЗДРАВЈЕ
Нашата пациентка C.C., 35 години ја примивме во центарот за внатрешни болести „Срце“ откако ни се обрати за проблем со дебелината, како и други здравствени проблеми кои ги воочила во последниот период.
Во одделот за диетика и диетотерапија беа извршени прегледи и тестирања од кои се дојде до заклучок дека пациентката се соочува најмногу со централен тип на дебелина и индекс на телесна маса 40.

ПРОБЛЕМ СО ТЕЛЕСНАТА ТЕЖИНА И ДРУГИ ЗДРАВСТВЕНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Пациентката С.С. целиот свој живот памети дека се борела со вишокот килограми, а во последниот период приметила и други здравствени нарушувања кои се последница на дебелината како, зголемен замор и зголемен пулс и при најмала физичка активност, опструктивна ноќна апнеа и проблеми со дигестивниот систем, односно враќање на желудечна киселина.
„Целиот свој живот пробувам да ја намалам тежината, но секогаш кога ќе почнев со диета за брзо време се откажував бидејќи ми беше тешко да издржам. За „Срце“ слушнав од моја пријателка која ме уверуваше дека пристапот и решенијата во центарот се различни и дека нејзиниот проблем бил успешно решен. Најпрво, здравствените нарушувања не ги поврзував со вишокот килограми, но откако отидов на прв преглед, докторите и нутриционистите во „Срце“ ме уверија дека симптомите може да бидат последица на дебелина.“ – С.С.
РЕШЕНИЕ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ТЕЖИНАТА И ПОСТИГНУВАЊЕ ОПТИМАЛНО ЗДРАВЈЕ
По извршениот интегриран пристап врз пациентката, кој опфаќа нутриционистички преглед, проценка на метаболен статус, одредување на состав на телото со InBody 720 анализатор, тест за интолеранција на храна на повеќе од 250 намирници, консултации со нутриционист и преглед од лекар специјалист се одреди соодветен режим на исхрана за пациентката и план за физичка активност за намалување на телесната тежина, како и соодветна терапија со додадена суплементација и лекови за лекување на нарушените здравствени состојби.
За своето искуство С.С. вели: „За разлика од се што досега имам пробано, режимот на исхрана од „Срце“ ми беше полесно да го следам. Оброците се направени така што ќе ве држат сити подолг временски период, а сепак ќе се чувствувате убаво и задоволно бидејќи јадете здрава и балансирана храна. Иако на почетокот вложував голем напор за да се придржувам до диетата и да вметнам секојдневна физичка активност, сега се стремам кон тоа овој начин на живот да стане моја навика.“
Во периодот по одредување на хигиено-диететските мерки и соодветната терапија, пациентката С.С. редовно го посетуваше центарот за спроведување на контролни прегледи.
РЕЗУЛТАТИ
Резултатите кај пациентката С.С. беа огромни и видливи. Со редовна физичка активност и дисциплина во исхраната таа успеа да ослабне 38 килограми во период од 6 месеци. Намалувањето на тежината како и соодветната терапија исто така и помогна на пациентката да го подобри своето целокупно здравје и повеќе не чувствува кислини во желудникот, пулсот е вратен во нормални граници и нема опструктивна ноќна апнеа.
„Презадоволна сум од резултатите и би им препорачала на сите со вишок килограми да појдат во Центарот за внатрешни болести СРЦЕ и да си го сочуваат здравјето. Мене многу ми помогнаа….“ – С.С.
ЗАЕДНО ВО БОРБАТА ПРОТИВ ДЕБЕЛИНАТА: СРЦЕ – ЦЕНТАР ЗА ВНАТРЕШНИ БОЛЕСТИ
Ако се соочувате со прекумерна телесна тежина, како и пореметувања на здравјето предизвикани од дебелината побарајте помош во Срце – Центар за внатрешни болести. Нутриционистите и докторите специјалисти во нашиот центар ќе ве поддржат во вашата борба и ќе ви помогнат да остварите позитивни резулати.
Контактирајте нѐ и закажете нутриционистичи преглед како прв чекор до вашата посакувана тежина и постигнување на оптимално здравје.