ДЕНЕС Е СВЕТСКИ ДЕН НА СРЦЕТО – ДР. МАТЕЈ НИКОЛОВ
Секоjа година на 29 септември се слави „Светскиот ден на срцето“, коj ги одразува клучните прашања и теми поврзани со здравјето на срцето.
Од 2024 до 2026 година, темата на кампањата ќе биде: „Користете го срцето за акциjа” (анг. Use heart for action) поддржуваjќи ги поединците да се грижат за своите срца и поттикнувајќи ги националните лидери сериозно да ja сфатат важноста на кардиоваскуларното здравје.
Оваа година главната порака е потребата од усвојување национални планови за превенција од кардиоваскуларни болести и повик за потпишување на глобална петиција која дава приоритет на здравіето на срцето.

ШТО СЕ КАРДИОВАСКУЛАРНИ ЗАБОЛУВАЊА?
Кардиоваскуларните заболуваьа се група на болести кои влијаат на срцето и/или крвните садови. Тие можат да бидат предизвикани од комбинациjа на однесување, социо-економски и фактори на ризик на животната средина вклучувајќи лоша исхрана, употреба на тутун, физичка неактивност, употреба на алкохол, загадуванье на воздухот, висок крвен притисок, висок холестерол, дијабетес, дебелина, бубрежни заболувања и стрес. С емејната историја, етничката припадност, полот и возраста исто така може да влијаат врз ризик од кардиоваскуларни болести.
КОИ СЕ НАЈЧЕСТИ КАРДИОВАСКУЛАРНИ БОЛЕСТИ?
Најчести кардиоваскуларни болести се коронарната болест и миокарден инфаркт (срцев удар), цереброваскуларниот инсулт (мозочен удар), како и хипертензијата, која е посебна болест и фактор на ризик за настанување на други КВБ.
Кардиоваскуларните болести (КВБ) се убиец број еден во светот. Од нив умираат повеќе луѓе отколку од сите форми на рак и хронични заболуваньа на долниот респираторен тракт заедно. Во Македонија, КВБ е исто така водечка причина за смрт со децении. Во 2023 година починале околу 10.000 лица или 38,8% од вкупниот број на починати. Водечки дијагностички подгрупи се исхемичната срцева болести и хипертензивна болест во вкупната смртност.
Во последните дваесет години од кардиоваскуларни болести како што се срцев и мозочен удар и срцева слабост одземаат повеќе од 20,5 милиони животи во светот. Оваа година Светската федерација по кардиологија ве поканува да потпишете петиција за усвојување на акционен план за борба против кардиоваскуларните заболувања.
Целта е да се соберат еден милион потписи кои ќе бидат претставени на состанокот на Обединетите Нации за незаразни болести во 2025 година и да се поттикнат лидерите на државите да дадат храбра политичка декларација.
Поволниот факт е дека повеќето кардиоваскуларни болести може да се спречат со избегнуваье на факторите на ризик како пушенье, неправилна исхрана, недоволна физичка активност и консумиранње алкохол до 80% од предвремените смртни случаи.
Како поединци, можеме да избереме поздрави животни навики, да го контролираме крвниот притисок, шеќерот и маснотиите во крвта, а во случај на веќе постоечки болести, редовно да земаме терапија препорачана од докторот.
НАЈВАЖНИ ПРЕПОРАКИ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА ОД КАРДИОВАСКУЛАРНИ ЗАБОЛУВАЊА:
- Јадете здрава и урамнотежена исхрана
- Бидете физички активни и редовно вежбајте
- Одржувајте соодветна телесна тежина
- Престанете да пушите и заштитете се од чадот од тутунот
- Дознајте ги вашите бројки – вредности на крвен притисок, холестерол, шеќер во крвта, индекс на телесна маса.
Да се придружиме на овогодинешното одбележуванье на Денот на срцето – да го поминеме во пешаченње или вежбање. Потребни се едукативни промотивни кампањи користејќи дигитални технологии за подигање на свеста, спроведување на превенција и навремено лекуванье, што е и цел на Светскиот ден на срцето.
Главните пораки се важноста од зачувување на здравејто на срцето, со акцент на откажување од пушење, физичка активност и правилна исхрана и редовна контрола на крвниот притисок.
Др Матеј Николов, специјализант по интерна медицина