ВРСКАТА ПОМЕЃУ ДЕБЕЛИНАТА И СРЦЕВАТА СЛАБОСТ
Дебелината е идентификувана како независен фактор на ризик за срцева слабост во нова студија спроведена на Универзитетот Џонс Хопкинс.

По анализата на податоците собрани од околу 13.000 испитаници, американските научници утврдија дека дебелината е поврзана со зголемен ризик од срцева слабост, независно од други фактори на ризик како што се висок крвен притисок, дијабетес или високи концентрации на таканаречениот лош (LDL) холестерол во крвта.
Journal of the American Heart Association додава дека дебелите луѓе имаат во просек двојно поголем ризик за срцева слабост од луѓето со уреден индекс на телесна маса. Ризикот дополнително е зголемен кај екстремно дебели лица.
Секоја болест што влијае на срцето и на нормалната циркулација на крвта може да доведе до срцева слабост, а болеста може селективно да влијае на срцевиот мускул, нарушувајќи ја неговата способност да се контрахира и соодветно да пумпа крв.
Срцевата слабост може да се манифестира на десната, левата или обете страни на срцето. Поради намалената способност за пумпање, крвта може да заостане во други делови од телото – црниот дроб, дигестивниот тракт и екстремитетите, или во белите дробови.
Стапката на смртност кај луѓето со срцева слабост е околу 50% во рок од 5 години од поставување на дијагнозата.
Др Матеј Николов, специјализант по интерна медицина